
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изрази задоволство што ЕК ја одобри новата транша од 65,7 милиони евра за нашата земја во рамки на Планот за раст и Механизмот за реформи, потенцирајќи дека тое доказ дека сме земја број еден во Западен Балкан. Овие реформи, рече тој, не значат само контрибуција за Буџетот туку значат и подобар живот за граѓаните.
Во однос на Планот за раст ми е многу драго што се демантираа бројни лаги што се пласираа во јавноста, и драго ми е дека Македонија е земја број еден во Западен Балкан што ја одразува реалоста, но убаво е кога ќе го видите тоа на хартија. Тоа е за она што се рокови до јануари месец. Сега имаме нови рокови до јуни месец. Утрово имавме состанок со еден тим од Владата на чело со премиерот Мицкоски со Копман, директорот за проширување на ЕУ и во јуни ќе бидеме исто така први. Јасни се индикаторите. Добро е што ова го препознава ЕУ и што овие реформи се прават затоа што овие реформи не само што носат финансиска контрибуција во Буџетот и значат подобар живот за граѓаните – рече Николоски.
Во интервју на Тема на денот на ТВ Сител, Николоски зборуваше за Коридорот 8 и притоа кажа дека денеска имал состанок со Европската инвестициска банка која е заинтересирана да го финансира овој проект односно дел од Коридорот 8. – Има таму сериозна грант компнента.
Ние во јануари го пуштивме од Страцин до Крива Паланка, сега останува Страцин – Куманово. Очекувам следната година да почнат градежни активности таму- рече Николоски.
За автопатот Кичево-Охрид рече дека очекува да биде завршен пред рокот.
Согласно договорот рок за завршување на автопатот Кичево-Охрид е мај месец следната година. Јас очекувам да бидеме и пред рокот затоа што работите одат добро, активностите одат добро. Веќе имаме функционални 37 километри од вкупно 57. Очекувам во текот на летото да имаме и други функционални километри и во рамки на рокот, рече Николоски.
Оваа Влада, како што рече тој, е прва Влада која сериозно се посвети на овој проект. – Мислам дека прашањето не е само математичко, туку и малце филозофско. Често и јас знам да кажам дека овој автопат се гради од 2014 година, дека се гради 12 години. Во суштина не се гради повеќе од две, ако сакаме да бидеме реални и директни – рече Николоски.
Во однос на автопатот Тетово – Гостивар, и делницата Букојчани за да се заокружи Стража, Николоски рече дека 2029 година е рокот за сите три автопатски делници – Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Битола-Прилеп.
Очекувам кај дел од нив да сме побрзи. Најбрзи очекувам да бидеме на Битола-Прилеп иако таа е најдолга делница 40 километри – рече Николоски додавајќи дека имотно-правните односи се решени освен со десетина сопственици на вили кај Ораорец кои блокираат пристап до наоѓалиште кое што треба да се црпи материјал за изведба на автопатот.
На Прилеп-Битола очекува веќе следната година, едната страна да е целосно пуштена односно да се пушти сообраќај по нов автопат во едната насока, а целиот да биде завршен во рамки на рокот.
Гостивар-Тетово иако изгледа најлесен во суштина е натежок затоа што има многу објекти што треба да се дислоцираат, но и тој ќе биде во рокот, а Гостивар-Букојчани или заобиколувањето на популарната Стража, иако изгледа како најтежок, во суштина добро оди прогресот бидејќи имаме пробиено 18 километри – рече Николоски.

Македонски


