
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе престојува во официјална посета на Кина од 24 до 28 мај 2026 година, соопшти денеска Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.
Вучиќ ќе престојува во посета на Кина на покана на претседателот на земјата, Си Џинпинг.
Претседателот на Србија неодамна изјави дека дека оваа посета ќе биде за него најзначајната досега.
Посетата на Вучиќ доаѓа по средбите на Си Џинпинг со американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин кои беа на посета во Кина овој месец.

Македонски


