
Шпанскиот тенисер потврди дека поради повредата ќе ги пропушти и турнирот во Квинс и престижниот грен слем во Лондон. Алкараз преку социјалните мрежи соопшти дека закрепнувањето се одвива добро, но дека сѐ уште не е подготвен за враќање на терените.
„Моето закрепнување оди добро и се чувствувам многу подобро, но за жал сѐ уште не сум подготвен за настап. Поради тоа морам да се повлечам од Квинс и Вимблдон. Тоа се два многу посебни турнири за мене и многу ќе ми недостигаат“, напиша Алкараз.
Ова е нов удар за шпанскиот ас, откако претходно беше потврдено и неговото отсуство од Ролан Гарос.
Минатата сезона Алкараз играше во финалето на Вимблдон каде загуби од Јаник Синер, додека трофејот на тревниот грен слем го освојуваше во 2023 и 2024 година.
Извор: Мкд.мк

Македонски


