Skip to main content

Се бара краткотраен притвор за осомничениот за убиството на 18-годишникот во Сарај

Архива

Телото на убиеното 18-годишно момче од скопско Бојане е дадено на обдукција, а надлежниот јавен обвинител за 19-годишникот кој се сомничи дека го извршил убиството бара 48-часовен притвор.

Имајќи предвид дека прибирањето на доказите е во тек, а постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание на сведоци и прикривање на трагите, како и ризик осомничениот да изврши друго кривично дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да определи мерка краткотраен притвор од 48 часа до обезбедување на сите докази и формално отворање на истрагата, информира попладнево Јавното обвинителство.

Полицијата денеска соопшти дека 19-годипното момче кое го извршило убиството е приведено, а случајот во полиција го пријавил неговиот татко откако синот му признал што сторил.

Поврзани вести