
Во месец мај граѓаните ги очекуваат уште продолжени викенди – еден за сите граѓани и еден за граѓаните од православна христијанска вероисповед. Ќе празнуваат и граѓаните од муслиманска вероисповед, но нивниот празник се паѓа во среда.
Веќе следниот викенд, граѓаните ќе го празнуваат Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Мтеодиј, кои се празнува на 24 мај, но бидејќи се паѓа во недела, неработен ден ќе биде понеделникот, односно 25 мај.
Вториот продолжен викенд доаѓа веднаш после првиот, односно на 29 мај (петок), при што православните христијани го празнуваат Духовден или Педесетница.
Граѓаните од муслиманска вероисповед ќе го празнуваат 27 мај (среда) – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

Македонски

