Skip to main content

Астон Вила го победи Ливерпул со што обезбеди учество во Лигата на шампионите

Екипата на Астон Вила во претпоследното коло од Премиер лигата пред своите навивачи го совлада актуелниот првак Ливерпул со 4:2 и обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Со новите три бодови, Астон Вила се проби на четвртото место на табелата, пред Ливерпул кој пак за учество во Лигата на шампионите ќе мора во последното коло на домашен терен да го совлада Бурнемут.

По мирниот почеток на натпреварот во 42.минута Морган Роџерс донесе водство за Астон Вила на полувремето од 1:0. На почетокот на вториот дел Ливерпул изедначи со голот на капитенот Вирџил Ван Дајк (52.минута). Пет минути подоцна Оли Воткинс зголеми на 2:1, а истиот фудбалер во 73.минута го постигна својот втор гол за 3:1. Најубавиот гол на дуелот го постигна Џон Мек Гин во 89.минута, а Ван Дајк со вториот гол намали и ги постави конечните 4:2.

Во Премиер лигата денеска не се играат натпревари бидејќи од 16 часот на програмата е финалето на ФА купот меѓу Манчестер Сити и Челзи. 

Поврзани вести