
Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе отпатува во САД во државна посета наесен годинава по покана на неговиот американски колега Доналд Трамп, соопшти министерот за надворешни работи на Кина, Ван Ји.
Како што пренесе агенцијата Синхуа, Трамп го поканил кинескиот претседател во посета на Белата куќа на 24 септември за време на банкетот организиран во негова чест од страна на Си Џинпинг во Пекинг.

Македонски

