Skip to main content

Самитот на БРИКС заврши без заедничко соопштение поради различни ставови

-kirill_makes_pics-from-pixabay

Дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на БРИКС во Њу Делхи заврши без заедничко соопштение поради „различните ставови помеѓу некои членки“ за ситуацијата на Блиски Исток.

Во соопштението на индиското МНР се наведува дека земјите-членки ги изразила „своите национални ставови и поделиле низа перспективи“ за суверенитетот, поморската безбедност и заштита на цивилната инфраструктура и животот на цивилите на Блиски Исток.

Министрите повикаа на „непосреден, траен и безусловен прекин на огнот“ во Појасот Газа, како и целосен и непречен хуманитарен пристап до енклавата.

Тие, исто така, го осудија воведувањето на еднострани принудни мерки и санкции кои не беа одобрени од Советот за безбедност на Обединети нации.

На состанокот беше изразена „сериозна загриженост“ за едностраните царини и нетарифните мерки што не се во согласност со правилата на Светската трговска организација.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека неколку земји поднеле барање за членство во организацијата, но оти БРИКС не брза да го прошири своето членство, бидејќи бројот на членови се удвоил во изминатите неколку години.

Постојат конкретни услови за полноправно членство“, наведе Лавров, додавајќи дека интересот на земјите за БРИКС не се намалува „и покрај притисокот од Западот“.

На состанокот на БРИКС присуствуваа дипломати од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, како и претставници на новопримените членки. БРИКС е формиран во 2006 година од Русија, Кина, Индија и Бразил. Јужна Африка се приклучи во 2011 година, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати во 2024 година, а Индонезија во 2025 година. На листата на земји-партнери се наоѓаат и Белорусија, Боливија, Казахстан, Куба, Малезија, Тајланд, Уганда, Узбекистан и Нигерија. 

Поврзани вести