Skip to main content

Шестгодишно дете на електричен тротинет тешко повредено во судир

Вчера во 12:50 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Добрушево, општина Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Х.Т.(30) и електричен тротинет, управуван од шестгодишно дете, двајцата од с.Добрушево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола.

Полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Х.Т., затоа што при извршен увид е констатирано дека мотоциклот бил нерегистриран и го управувал без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани вести