Skip to main content
Комеморација во чест на професорката Татјана Петковска на ФДУ

Татјана Петковска ќе остане запаметена како посветен професионалец, искрен соработник и човек со големо срце

Во просториите на Факултетот за драмски уметности во Скопје се одржа комеморација во чест на професорката Татјана Петковска, чија загуба остави неизмерна празнина меѓу колегите, пријателите и сите кои имаа можност да ја познаваат и соработуваат со неа.

На комеморацијата пригоден говор одржа продеканката за финансии, проф. д-р Валентина Божиновска, која се осврнаа на нејзиниот професионален ангажман, човечките вредности и неизбришливиот траг што го остави во колективот.

Продеканката проф. д-р Валентина Божиновска истакна дека професорка Татјана Петковска ќе остане запаметена како посветен професионалец, искрен соработник и човек со големо срце.

Деканот на факултетот проф. м-р Владимир Павловски го прочита и писмото од професорката Кренаре Невзати која како последен поздрав го поднесе до својата менторка и колешка.

Во присуство на семејството, колегите, пријателите и соработниците беше оддадена последна почит кон нејзиниот живот и дело.

Нејзиниот лик и дело ќе останат трајно врежани во нашите сеќавања.

Поврзани вести