Skip to main content
qwP2hTHf8ug

Валенсија го совлада Панатанаикос за прв Фајнфор во историјата

Валенсија е последниот учесник на фајнлфорот во кошаркарската Евролига, откако синоќа на домашен терен триумфираше над Панатинаикос со 81-64 (14-10, 21-13, 21-27, 25-14) во решавачкиот петти натпревар.

Шпанскиот тим беше на чекор до елиминација по двата воведни порази на домашен терен, но потоа славеше двапати во Атина и се избори за мајсторка пред своите навивачи.

Во текот на првото полувреме, Валенсија имаше водство и од 17 поени разлика, а Панатинаикос со серија тројки ја намали негативата, но успеа да дојде до целосен резултатски пресврт. На шест минути до крајот на натпреварот, шпанскиот тим повторно имаше двоцифрена предност и дојде до убедлив триумф.

Бадио беше најдобар стрелец на Валенсија со 20 поени, додека Најџел Хејс-Дејвис со 15 поени беше најефикасен во редовите на Панатинаикос.

Завршниот турнир ќе се игра во Атина од 22 до 24 мај. Првото полуфинале ќе донесе шпанска пресметка меѓу Валенсија и Реал Мадрид, додека Олимпијакос и Фенербахче ќе играат во второто полуфинале.

Поврзани вести