
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска – 14 мај 2026 година, четврток, во 12:00 часот, ќе се обрати по повод отворањето на Народната канцеларија на Претседателот, во Скопје.
Обновувањето на практиката на отворени канцеларии на Претседателот е во согласност со определбите и ветувањата содржани во програмата на претседателката Сиљановска-Давкова, со цел директен контакт со граѓаните, како и поднесување на претставки, граѓански иницијативи, петиции и предлози од нивна страна.
На отворањето на Народната канцеларија ќе присуствуваат претставници од граѓанскиот сектор. Во рамки на настанот, претседателката ќе оствари средба со граѓани.

Македонски


