
Капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона и својата богата кариера ќе ја заврши во „црвено-црниот“ дрес.
– РК Вардар е неизмено горд што нашиот капитен го продолжи договорот за уште една сезона и својата кариера ќе ја заврши во нашиот клуб.
Се надеваме со уште поуспешна сезона од актуелната-стои во објавата на Вардар.
Георгиевски потекнува од школата на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични настапи во екипите на Тулуз-Франција и Букурешт-Романија.
Во Вардар пристигна во сезоната 2020/21 и од тој момент, претставува незаменлив дел од двократниот европски шампион.

Македонски



