
Со трибината под наслов „Македонскиот јазик и Благоја Корубин – 30 години меѓу нас“, денеска во 11 часот во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе почне чествувањето на јубилејот. Присутните ќе ги поздрават професорите Катица Топлиска-Евроска, претседателка на Меѓународниот организациски одбор на манифестацијата „Денови на Благоја Корубин“, Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик и Снежана Велковска, почесна претседателка на манифестацијата.
Воведни излагања ќе имаат професорите Лидија Тантуровска, на тема „Ликот и делото на Благоја Корубин како инспирација“ и Гоце Цветановски на тема „Од трибина до меѓународен научен собир“.

Македонски



