Skip to main content

Уапсен камионџијата кој прегази и усмрти пешак на патот Прилеп-Градско

Вчера во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман, соопшти МВР.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци и по насоки на обвинителот, возачот Р.Ј. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Поврзани вести