
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер денеска изјави дека ќе ги увери оние кои се сомневаат во Лабуристичката партија. Неговата изјава уследи откако десетина пратеници од Лабуристичката партија побараа негова оставка поради лошите резултати на локалните избори.
Стармер истакна дека ќе се соочи со големи предизвици и ќе ја врати надежта во Велика Британија, што вклучува приближување кон Европската Унија и „ставање на Британија во срцето на Европа“.
Знам дека има такви кои се сомневаат и знам дека морам да им докажам дека не се во право и ќе докажам, посочи Стармер.
Според него Лабуристите се во „борба за душата на нацијата“ и оти земјата Британија ќе тргне по „мрачен пат“ ако на власт дојде десничарската партија Реформа на Велика Британија на Најџел Фараж.(МИА)

Македонски



