Skip to main content

ПОЦ воведува повисоки цени за голем дел од своите услуги

Јавното претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) воведува нови, повисоки цени за голем дел од своите услуги. Одлуката, која веќе е изгласана на седница на Советот на Општина Центар, опфаќа поскапување на месечните билети, дневните карти, услугите за бизнис секторот, како и за „пајак“ службата.

Најголемо зголемување кај станбените дозволи има за второ возило, каде цената се дуплира од 250 на 500 денари месечно. За трето возило, станарите отсега ќе плаќаат 1.500 денари наместо досегашните 1.200.

Удар по џебот ќе има и за оние кои користат комерцијално зонско паркирање. Дневните карти во зоните 1 и 2 се зголемуваат од 300 на 400 денари. Припејд дневните карти сега ќе чинат 1.000 денари во Зона 1 и 900 денари во Зона 2.

Промени има и кај деловните субјекти. Вработените во фирмите во Центар ќе плаќаат 3.000 денари за месечен билет, што е зголемување за 1.000 денари од досегашната цена. Бизнис-картите за правни лица се покачуваат на 2.500 денари.

За службените возила на затворените паркиралишта, новата месечна цена е утврдена на 4.000 денари.

Поврзани вести