Skip to main content

Македонска промоција на албумите „Guitar Sings” и „Muscle Memory” на Влатко Стефановски: „Чукни во дрво“ ја пееше во еден глас со присутните

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски, еден од највлијателните музичари на регионалната сцена, денеска во хотелот „Holiday Inn Skopje” ја одржа македонската промоција на своите две најнови албумски изданија – „Guitar Sings” (инструментален албум) и „Muscle Memory” (нов студиски албум).

Промоцијата на гитарскиот виртуоз собра голем број новинари од земјава, музичари, продуценти, присуствуваше и министерот за култура, Зоран Љутков, како и амбасадорката на Хрватска…

Настанот е во организација на дискографската куќа „Croatia Records”, а доаѓа како продолжение на нивното неодамнешно претставување во Сплит, во пресрет на доделувањето на престижната музичка награда „Porin Music Awards”.

Влатко Стефановски, кој со децении важи за препознатливо име на балканската и светската музичка сцена, неодамна во Хрватска беше одликуван со наградата „Porin Special Merit Award”, како признание за неговиот исклучителен придонес кон музичката уметност и регионалната сцена, истакнаа меѓудругото претставници на „Croatia Records” од Загреб – уредничката Клаудија Чулар и извршната директорка Маја Видмар Клариќ, кои ќе ја истакнат важноста на соработката со Стефановски и неговото значење за издавачката куќа.

На скопската промоција Стефановски зборуваше за креативниот процес зад новите албуми, за инспирацијата што стои зад композициите, како и за своите актуелни и идни музички проекти.

На крајот на промоцијата ја зеде гитара в раце и со присутните во еден глас ја отпеја „Чукни во дрво“.

Поврзани вести