
Во просторот на кино-салата во Железничката станица (ул. Борка Талевски 26, Скопје), на 07 и 08 мај 2026 година, со почеток во 15:30 часот, ќе се одржи дводневна работилница под наслов „Насоки кон кооперативна иднина — за свет во неволја”, во водство на Ана Ѓокиќ и Марк Нилен од меѓународната пракса STEALTH.unlimited. Настанот е дел од платформата city as a stage | градот како сцена организирана од FRU [AKTO].
Преку замислување на светот во 2033 г. учесничките и учесниците заеднички ќе замислат алтернативни начини на живот — особено во услови на климатска нестабилност, притисок на пазарот и политичка несигурност. Во центарот на работилницата е прашањето за женски-водена задруга — простор обликуван од мешавина на помлади и повозрасни генерации, кои заеднички живеат и работат, истовремено нудејќи поддршка на другите.
Работилницата е наменета за млади архитекти и визуелни уметници (по покана на AKTO/FRU/laboratory) и локални организации кои работат на пресекот на зајакнување на маргинализирани заедници и култура (по покана на TiiiT Inc.) — до 15 учесници/учеснички.
Платформата city as a stage I градот како сцена е организирана од FRU [AKTO] во соработка со: Tiiiit! Inc. / Прво Па Женско, OTM – On TheMove, Jednostavno rečeno, LOKOMOTIVA-Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и Архитектонскиот факултет – „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Градот како сцена е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој” на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
За проектот „Култура за развој”: Проектот „Култура за развој” го поддржува независниот културен сектор во Република Македонија, користејќи ја културата и уметностите за поттикнување критичко размислување за општествените прашања важни за локалните заедници. Целта е да се стимулира поотворено и демократско општество преку јакнење на социјалната кохезија, демократските процеси и општествениот дијалог, како и преку охрабрување на соработката меѓу културните институции. Проектот „Култура за развој” е поддржан од Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хартефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година.

Македонски




