
Поранешниот функционер на СДСМ, Ивор Мицковски, со остар тон реагираше на изјавата на лидерот на партијата Венко Филипче во однос на односите со Бугарија и прашањето за идентитетот.
Во својот јавен коментар, Мицковски го оспорува ставот на Филипче дека Бугарија никогаш не го негирала македонскиот идентитет, посочувајќи дека, според него, постојат бројни политички и институционални позиции во соседната држава кои го доведуваат тоа во прашање.
Тој наведува дека низ годините биле донесени одлуки и ставови кои се однесуваат на македонскиот јазик, историја и национален идентитет, како и дека, според неговото мислење, таквите политики имаат директно влијание врз односите меѓу двете земји.
Во реакцијата, Мицковски упатува и критика кон раководството на СДСМ, оценувајќи дека ваквите изјави не се во согласност со, како што вели, националните позиции и интереси.
Неговиот став предизвика реакции во јавноста, дополнително отворајќи ја дебатата околу чувствителните прашања поврзани со идентитетот и односите со Бугарија.
Мицковски напиша:
Филипче вика Бугарија никогаш не го негирала нашиот идентитет.
Добро бе, јес да си глуп ама сега си и злобен.
Па исгласаа 200 одлуки у Парламент со консензус дека сме вештачка нација, дека немаме сопствен јазик, дека јазикот е вештачки, не кочат и понижуваат каде и да стигнат, негираат малцинство, крадат историја, ревизионираат минато, и ќе дојде ваква будала поставена од уште побудали и ќе одработуе за странски интереси.
Ова го прави само петтоколонаш и никој друг…

Македонски



