Skip to main content

Вардарци денеска пред невозможна мисија

 Ракометарите на Вардар денеска ги очекува реванш четвртфиналето од Лига Европа против францускиот Монпелје. Противникот го доби првиот дуел со 33:23, што значи дека „црвено-црните“ ќе имаат исклучително тешка задача за да изборат пласман на Ф4 турнирот.

Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, кој е прва сезона на клупата на Вардар, на прес конференцијата изјави:

–  На првиот натпревар имавме и добри и лоши моменти. Бевме дисциплинирани во првиот дел, но во вториот дел „лошо“ отворивме и натпреварот се „сврте“. Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат. Мора да се претставиме во подобро светло и да веруваме дека таа разлика може да ја стигнеме. Но, никој не ни брани да сонуваме.

Чупиќ истакна дека ќе смета на сите играчи што значи дека Јака Малус и Дмитро Горига, кои не настапија на првиот натпревар утре ќе бидат во составот.

Почетокот на дуелот реванш четвртфиналето Вардар – Монпелје е во 20:45 часот, а натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Поврзани вести