
Полицијата во Скопје приведе 29-годишна жена откако пред куќа било пронајдено новороденче со повреди, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за С.Д. (29) од Скопје, која била уапсена во населбата Карпош поради сомнение дека сторила кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“.
Случајот бил пријавен од 56-годишна жена, која изјавила дека пред својот дом ја затекнала осомничената заедно со новороденчето кое имало видливи повреди.
Детето и жената веднаш биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите кај бебето констатирале повреди.
Од полицијата информираат дека по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонски



