Skip to main content

Мексиканецот Бенавидез стана светски првак и во трета тежинска категорија

Мексиканскиот боксер, Давид Бенавидез, со победа над сонародникот Гилберто Зурд Рамирез во Лас Вегас ги освои титулите во крузер категорија во верзиите WBA и WBO, со што ја освои круната во третата тежинска категорија.

Бенавидез (29), кој е шампион во суперсредна и полутешка категорија, остана непоразен во својата 32 борба, нокаутирајќи го Рамирез во шестата рунда.

Од своето професионално деби, Бенавидез во 26 свои борби победи со нокаут. Од друга страна, за 34-годишниот Рамирез ова беше само вториот пораз во 50 борби. 

Поврзани вести