Skip to main content

Азизи: Слободата на медиумите е право на секој граѓанин да биде информиран точно и транспарентно

Едно демократско општество не може да постои без слободни и професионални медиуми. Точното и непристрасно информирање е темелот врз кој се гради довербата на граѓаните и се зајакнува демократијата“, порачува на Фејсбук портпаролката на Владата, Венера Азизи по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

Како што посочува таа, слободата на медиумите не е само право на новинарите, туку право на секој граѓанин да биде информиран точно и транспарентно.

Слободата на медиумите подразбира одговорност, интегритет и почитување на вистината, но и заштита од секоја форма на притисок или влијание“, истакна Азизи и додаде дека како портпарол на Владата посветена е на промовирање на транспарентноста, отворениот дијалог и слободниот пристап до информации.

Според Азизи, институциите треба секогаш да бидат отворени за прашања, критики и јавен надзор, бидејќи само на тој начин се гради одржлива доверба со граѓаните.

На овој важен ден, да го реафирмираме нашиот ангажман за поддршка на професионалното новинарство, за зајакнување на етичките стандарди и за создавање средина во која слободниот збор се почитува и се штити. Затоа што слободата на медиумите е темел на нашата слобода како општество“, посочува Азизи.

Поврзани вести