
„Сите слободи зависат од слободата на медиумите. Без неа, не може да има човекови права, одржлив развој ниту мир“, порача генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.
Тој предупреди на ризиците со кои се соочуваат медиумските работници ширум светот, вклучувајќи цензура, надзор, правно вознемирување, па дури и смртни закани.
Гутереш упати повик за посилна заштита на правата на новинарите и за создавање свет во кој вистината, како и оние што ја пренесуваат, ќе бидат безбедни и заштитени.

Македонски


