
Според астрологијата, токму овие три знаци носат најмногу енергија, забава и живот на секое дружење и прослава.
Луѓето родени во знакот Лав се познати по својата харизма и љубов кон внимание. Тие речиси секогаш знаат како да ја подигнат атмосферата и да бидат во центарот на случувањата, па со нив секоја забава добива дополнителна енергија.
Овенот е импулсивен, весел и секогаш подготвен за акција. Овој знак ретко останува мирен на софра, бидејќи сака движење, смеа и добра дружба, а неговата директност често прави забавни ситуации.
Стрелецот важи за вечен авантурист кој знае како да ја опушти атмосферата. Со нив секое дружење станува поинтересно, бидејќи носат позитивна енергија и заразен оптимизам.
Комбинацијата од овие три знаци често се опишува како „рецепт“ за добра забава. Без нив, многумина велат дека секоја софра би била далеку потивка и помалку динамична.

Македонски


