Skip to main content

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско европско финале

Ракометарите на ГРК Охрид денеска го пречекуваат Целје во реванш натпревар во кој ќе имаат задача да анулираат гол негатива од дуелот во Словенија и прв пат во клупската историја да изборат пласман во финалето во ЕХФ Европскиот куп во кој титулата лани ја освои скопски Алкалоид.

Ракометарите на Борис Ројевиќ во првиот натпревар од полуфиналната пресметка со словенечкиот противник загубија минатата недела на гостински терен во Целје со 27-26.

Ројевиќ на вчерашната прес-конференција истакна дека претстои тежок натпревар, против една од најталентираните европски екипи.

Целје во своите редови има четири-пет играчи кои веќе имаат понуди од екипи од Лигата на шампиони. Станува збор за навистина извонредна екипа и оттаму тешка задача стои пред нас. Но, сите наши играчи едвај чекаат да истрчаат на терен. Се надеваме дека атмосферата во салата ќе биде одлична, како што беше и во Целје, дека охридската публика ќе покаже дека можат и подобро“, рече тој.

Натпреварот е закажан со почеток во 19 часот во СЦ „Билјанини извори“ чиј капацитет е целосно распродаден.

Поврзани вести