
Погледнете во продолжение со кои менаџери е песна да се работи, а кои важат за „токсични“:
12 место – Вага
Вагите се познати како дипломатски лидери кои се обидуваат на сите да им угодат.
Понекогаш тоа им отежнува да донесат цврсти одлуки, но сепак е пријатно да се работи со нив.
11 место – Риби
Рибите се нежни шефови полни со емпатија кои добро ја чувствуваат атмосферата во тимот.
Единствен проблем е што им недостига одлучност и јасност.
10 место – Бик
Биковите се стабилни и предвидливи раководители.
Не сакаат нагли промени, но можат да бидат премногу тврдоглави.
9 место – Рак
Раковите се грижливи и внимателни кон тимот.
Сепак, нивните емоции понекогаш имаат поголемо влијание од логиката.
8 место – Девица
Девиците се перфекционисти кои бараат висок квалитет.
Понекогаш тоа преминува во претерана контрола и критичност.
7 место – Водолија
Водолиите се креативни и нестандардни лидери, но нивните идеи не секогаш се разбирливи за тимот.
6 место – Стрелец
Стрелците се енергични и мотивирачки шефови, но знаат да бидат премногу директни и да звучат сурово.
5 место – Близнаци
Близнаците се комуникативни и флексибилни, но нивната непостојаност понекогаш создава конфузија.
4 место – Јарец
Јарците се строги раководители кои бараат многу од својот тим.
Фокусирани се на резултати, но можат да бидат премногу крути.
3 место – Лав
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и очекуваат признание.
Ако го нема – стануваат напорни и го притискаат тимот.
2 место – Овен
Овните се импулсивни шефови кои носат брзи одлуки, често без да го земат предвид мислењето на тимот.
1 место – Скорпија
Скорпиите се најтешките раководители на оваа листа.
Контролираат сè, не простуваат грешки и можат да создадат напната атмосфера во колективот.

Македонски


