
На обичен набљудувач на политичките настани во Македонија се уште му е нејасно зошто и како сегашното раководство на СДСМ душмански ја растура сопствената партија. Дали е тоа за интерес на мафијата во партијата која се плаши од внатрешен преврат или се работи за досега невиден аматеризам и политичка неписменост? ,прашува во својата анализа “Вечер.мк”.
Венко Филипче и дојденците во партијата од врвот на раководството како Андреј Жерновски и Фани Каранфиловска не се воопшто присутни во македонската политика. Тие се фокусирани на соработка со српската опозиција од каде добиват логистика и насоки и секој втор прес и соопоштение им е поврзано со напади врз српскиот претседател Александар Вучиќ само патем поврзувајќи го него со сегашната македонска власт за да се добие пофалба од европските либерали од кои и граѓаните на ЕУ на избори се откажуваат и побара помош од нив за поддршка на СДСМ во соборување на владата на Христијан Мицкоски.
Единствената политичка понуда од СДСМ до европските либерали е: помогнете да ја собориме владата на Мицкоски и ние ќе ги испорачаме бугарските услови. Но, тие услови не се прифатливи за Македонците и тука настанува конфликт и блокада на СДСМ.
Повеќе на Вечер.мк

Македонски


