
Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) и Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) ја објавија денеска својата поддршка за реизбор на Џани Инфантино, чиј мандат како претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) завршува во 2027 година.
„Африканската фудбалска конфедерација одржа состанок во Ванкувер, Канада, пред 76-от Конгрес на ФИФА. На овој состанок, членовите на ЦАФ едногласно одлучија да го поддржат реизборот на Џани Инфантино за претседател на ФИФА за мандатот 2027-2031“, се вели во соопштението на ЦАФ.
Кратко време потоа уследи и поддршката од Азија.
„ФИФА е во најдобра позиција досега и ние ја нудиме нашата континуирана и целосна поддршка на Инфантино како кандидат за претседател на ФИФА за мандатот 2027-2031, исто како што АФЦ и азискиот фудбал отсекогаш го поддржувале од неговиот избор во 2016 година“, изјави претседателот на АФЦ шеикот Салман бин Ибрахим Ал Калифа.
Поддршката од 54-члената Конфедерација на африканскиот фудбал (ЦАФ) и 47-члената Азиска фудбалска конфедерација (АФЦ) доаѓа непосредно по поддршката од Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), која брои 10 земји-членки.

Македонски


