
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска бил одржан состанок посветен на реформската агенда, на кој биле разгледани клучните приоритети и насоки за понатамошно дејствување.
Како што посочи во објава на социјалните мрежи, во фокусот на дискусијата биле подобрувањето на институционалната ефикасност, зголемувањето на транспарентноста и зајакнувањето на механизмите за отчетност.
Според него, учесниците се согласиле дека реформите треба да бидат инклузивни, одржливи и насочени кон конкретни резултати што ќе имаат директно позитивно влијание врз граѓаните.
На состанокот биле предложени и конкретни чекори за унапредување на процесите, како и временска рамка за нивна имплементација.
Премиерот нагласи дека е неопходна континуирана координација и редовно следење на напредокот, со цел успешна реализација на реформската агенда.

Македонски


