
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против 49-годишниот Ј.С. од Битола, полициски службеник во Полициската станица Новаци, поради сомнение за сторено кривично дело „Безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а став 1 од Кривичниот законик.
Според информациите, на 24 октомври 2025 година во 17:42 часот, додека не бил на работно место, на регионалниот пат Битола–Новаци управувал патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки под дејство на алкохол. При извршена контрола било утврдено дека имал 1,51 промили алкохол во крвта, по што предизвикал сообраќајна незгода.

Македонски


