Skip to main content

Се реконструираат парковските елементи на Средно Водно – се заменуваат оштетените делови и се чистат отпадоци

JП „Паркови и зеленило“ - Скопје фејсбук профил

Утрово, теренските екипи од вонградско зеленило на ЈП „Паркови и зеленило“ вршат реконструкција на парковските елементи на Средно Водно.

Од јавното претпријатие информираат дека низ парк-шумата се врши замена на оштетените делови, бојадисување за нивна заштита, како и чистење на смет и отпадоци.

Упатуваме апел до сите граѓани да се грижат за парк-шумата Водно, да не го одложуваат сметот било каде во зеленилото на падините и да не ја оштетуваат парковската опрема“, порачаа од ЈП „Паркови и зеленило“.

Поврзани вести