
Во понеделник, четврти мај со почеток во 20 часот, во „Лабораториум“, ќе се одржи промоција на поетската книга „Некој друг“, од Јовица Ивановски. Книгата ќе ја промовира поетот Дарко Лешоски, а песни ќе чита актерот Нино Леви.

Jовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на дваесет и една книга поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019).

Македонски


