
Извештај подготвен под покровителство на Обединетите нации покажува дека се очекува повеќе од 1,2 милиони луѓе во Либан да се соочат со акутен глад поради израелските напади во Либан и војната меѓу Израел и Хезболах, .
Околу 1,24 милиони луѓе – речиси еден од четири меѓу анализираното население – се очекува да се соочат со глад на кризно ниво или полошо во периодот од април до август 2026 година“, се вели во заедничка изјава на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, Светската програма за храна и либанското Министерство за земјоделство.
Ова претставува „значајно влошување“ во споредба со периодот пред почетокот на војната во март.
Влошувањето е резултат на конфликт, раселување и економски притисоци“, се вели во извештајот.

Македонски


