Skip to main content

Поради работење на ЕВН село Спанчево е со чести прекини во испораката на струја и вода

Freepik

Поради изведување на работи од страна на ЕВН во с.ело Спанчево, во текот на изминатите неколку дена доаѓа до чести и подолги прекини во снабдувањето со електрична енергија, информира ЈПКД „Облешево“ од Општината Чешиново – Облешево. 

Како последица на тоа, водоводната пумпа останува без напојување, што предизвикува прекини и намален притисок во водоснабдувањето во селото, се наведува во денешното соопштение.

Од ЈПКД „Облешево“ упатуваат апел до жителите на село Спанчево со барање за разбирање и рационално користење на водата поради ваквата состојба.