
Воедно, овој месец ќе биде обележан и со ретроградниот меркур, кој започнува на 6 мај и ќе трае до октомври.
Наместо да создава пречки, за некои знаци ќе биде шанса за преиспитување, затворање на стари поглавја и поставување основа за нешто ново и значајно.
Рак
За родените во знакот на Рак, мај ќе биде месец кога добрината конечно им се возвраќа. Луѓето кои секогаш даваат без да очекуваат ништо за возврат, сега ќе почувствуваат како универзумот им возвраќа.
Во првата половина од месецот можно е враќање на „долгови“ – не само финансиски, туку и емоционални.
Поддршката што некогаш сте ја дале ќе ви се врати во вистински момент. Во втората половина од мај, шансите ќе доаѓаат една по друга, особено под влијание на млада месечина во Бик и поволните аспекти меѓу Марс и Венера. Останува само да ги прифатите.
Јарец
За Јарец, мај 2026 носи заслужена награда. Сè што сте вложувале – труд, време и енергија – конечно почнува да се исплатува. Ова е период кога репутацијата работи за вас.
Можно е унапредување, подобра плата или нова деловна можност.
Важно е да не се повлекувате и да не ги минимизирате сопствените успеси. Вратата што ќе се отвори пред вас не е случајна – таа е резултат на вашата истрајност. Влезете самоуверено и искористете ја шансата.
Риби
За Рибите, мај ќе биде месец кога интуицијата станува најсилното оружје. Чувството дека „мислите стануваат реалност“ ќе биде особено изразено.
Среќата може да дојде од неочекувани места – од спонтани одлуки до мали ризици што ќе се исплатат. Дури и едноставни избори, како купување лото ливче или прифаќање нова можност, може да донесат позитивен исход.
Сепак, клучот е да не останете пасивни. Ова не е време за чекање, туку за акција. Колку повеќе верувате во себе и ги следите своите импулси, толку повеќе ќе добивате за возврат.
Иако хороскопот не е гаранција, тој често служи како поттик за размислување и носење одлуки. За овие три знаци, мај 2026 може да биде период на вистински пресврт – ако се осмелат да ги искористат шансите што им се нудат.
Извор: Убавина и здравје

Македонски



