
Претставата „Западен експрес“ работена по текст на романскиот автор Матеј Вишњек, во режија на Јари Јутинен премиерно ќе биде изведена утре на сцената на Македонскиот народен театар.
Претставата е копродукција меѓу МИ Филм, Sadsongskomplex:fi и Македонскиот народен театар.
Во претставата играат Ивица Димитријевиќ, Мирјана Трпковска Костовска и Васко Костовски. Сценографијата и костимографијата се на Кристина Божурска, а музиката ја потпишува Јане Трајковски.

Македонски



