Skip to main content

Македонска фудбалска лига: Струга го совлада Силекс

 Првиот од двата денешни дуели од 29.коло заврши со победа на домашната екипа, односно Струга го совлада Силекс со 2:0. Ова воедно беше и дерби на колото и стружани сега имаат десет бодови предност на табелата пред кратовчани на четири кола до крајот на шампионатот.

Головите за победничката екипа го постигнаа Ламине Маудо во 21.минута и Христијан Малески во 57.минута.

Во вториот денешен дуел и последен од оваа рунда од 16 часот во Тетово, Шкендија е домаќин на Башкими.

Поврзани вести