
Примиерот Христијан Мицкоски денес беше на увид на реконструкцијата на Универзална Сала. Тој беше прашан да даде мислење околу одлуката на апелација за случајот „27 април“.
Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада. Според мене, таму невини луѓе беа прогласени за терористи. Невини за терористи, но сепак направија одреден престап и требаше за тој престап да одговараат – рече Мицкоски кој беше на увид во градежните активности во Универзалната сала.
Премиерот со жалење потенцираше на фактот дека дел на обвинители и судии денес сведочат за фингирани процеси, уценувања и притисоци.
Како држава не можеме да одиме напред ако две работи не добијат јасен одговор. Првиот одговор е, како Катица Јанева повторно ги задолжи обвинителите од СЈО да вршат терор врз македонските граѓани? И вториот случај е да се дознае вистината за „27 април“. Сè останато е во рамките на правосудството – дециден e Мицкоски.

Македонски



