Skip to main content

Камион со хрватски таблички фатен на Дојран со 80 килограми марихуана

МИА

На граничниот премин Дојран при обид за влез во Грција, денеска е запленет камион со хрватски регистарски таблички натоварен со околу 80 килограми марихуана.

Според информации до кои дојде Република од свои извори, дрогата била откриена при контрола на возилото, по што веднаш била известена надлежната служба и започната е истрага.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за случајот, ниту за лицата инволвирани, а од институциите најавуваат дека дополнителни информации се очекуваат во текот на денот или најдоцна утре.

Истрагата е во тек.

Поврзани вести