Skip to main content

Мурињо уште се дума дали да седне на клупата на „Кралевите“

Португалскиот стратег Жозе Мурињо ќе одлучи по завршувањето на сезоната дали ќе остане тренер на Бенфика.
„Не сакам да кажам ништо повеќе за ова прашање. Веќе кажав што имав да кажам во врска со Бенфика и нема да давам други коментари. Сите ја знаат ситуацијата многу добро. Кога ќе заврши сезоната, ќе имаме 10 денови да одлучиме дали ќе продолжиме или ќе се разделиме“, изјави Мурињо за ЕСПН.


Дел од шпанските медиуми претходно навестија дека 63-годишниот Мурињо би можел да се врати во Реал Мадрид на лето.
Сегашниот предводник на Кралскиот клуб, ќе остане на клупата до крајот на сезоната по што ќе се повлече од должноста.
Мурињо беше на чело на Реал од 2010 до 2013 година, освојувајќи ја титулата во Ла Лига, Купот на Кралот и шпанскиот Суперкуп

Поврзани вести