
Еден од тројцата градежни работници кои утрово беа затрупани, а потоа извлечени од насип со земја на градилиште во скопската општина Кисела Вода и донесени на Ургентниот центар е тешко повреден и ќе мора да се оперира, изјави за „Република“ директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), д-р Игор Мерџаноски.
Еден градежен работник загинал, а тројца биле повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информираше претходно за МИА, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје.
Двајца од работниците се полесно повредени, а третиот е потешко. Еден има скршеници на потколениците и на бутната коска, вториот има изместен лакт и третот има помали намглечувања. Значи еден со потешки, и двајца работници со полесни повреди. Тој со потешките повреди има повеќе скршеници и е во животозагрозувачка состојба и ќе се оперира, ни изјави д-р Мерџановски.
Министерството за внатрешни работи претходно информираше дека изутринава во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улица „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. – Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со Центарот за управување со кризи и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице, велат од МВР.

Македонски



