Skip to main content

Позната состојбата на повредените градежни работници во Кисела Вода

Министерството за здравство во врска со несреќата на градилиште во Кисела Вода, информира дека во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници.

Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница, информираат од Министерството.

Се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман.

Поврзани вести