
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета на Охрид.
Во 10:30 часот во хотелот „Инекс Олгица“ ќе се обрати на прес-конференција по повод објавувањето на програмата за 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“.
Во 11:30 часот министерот ќе ја посети Самуиловата тврдина, каде што во 11:45 часот во цитаделата на тврдината е предвидена изјава за медиумите, по што посетата продолжува на локалитетот Манчевци во старото градско јадро на Охрид.

Македонски



