
Граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“, кои ги платиле во банка или електронски, информира Министерството за внатрешни работи.
„Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии. Граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се внесе единствениот број од записникот во делот „повикување на број“ и „цел на дознака“ во уплатницата“ соопшти МВР.

Македонски


