Skip to main content

ДПИ: Студенти без додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии

Студенти без додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии. Откако ова било откриено од Државниот просветен инпекторат и студиите им биле прекинати на запишаните студенти, сега нема кој да им ги врати парите, објави порталот МКД.мк.

Според сознанијата на порталот, се работело за десетина запишани студенти на магистерски и докторски студии, на кои по интервенција на инспекторите им биле прекинати студиите.

Инаку, уписот на магистерски студии чини околу 2-3 илјади евра, а на докторските студии на Филозофскиот факултет чини 5-6 илјади евра.

Студентите сега си ги бараат парите назад, но не добиваат никаков одговор од деканатот. Неофицијално, дел од нив веќе ангажирале адвокати, а по записникот од Државниот просветен инспекторат паниката се преселила во деканатот на Филозофскиот факултет.

Поврзани вести