Skip to main content

„Си-Ен-ЕН“: Договорот со Иран беше блиску, но тогаш Трамп почна да објавува на социјалните мрежи

Потенцијалниот договор за завршување на војната меѓу САД и Иран бил многу блиску, но напредокот запрел откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно ги дискутираше преговорите на социјалните медиуми и во разговор со новинарите, објави „Си-Ен-Ен“.

Според американскиот телевизиски канал, Трамп почнал да тврди дека Иран веќе се согласил со клучните услови – како што е предавањето на збогатениот ураниум – тврдење што иранските власти го негираа.

Неговите коментари ги вознемириле иранските преговарачи и ја поткопале довербата, што довело до пропаѓање на разговорите.

Поврзани вести