
„Гоце Стевковски квинтет“ ќе одржи концерт утревечер во 20.30 часот во „Јавна соба“ во Скопје. Влезот за концертот е слободен. Составот ќе изведе композиции од Стевковски, кој ќе настапи на тапани, заедно со Кирил Кузманов, саксофон, Гордан Спасовски, клавијатури,Филип Динев, гитара и Дарко Мучев, бас. Гостин е Сашко Николовски кој ќе настапи на тромбон.

Македонски


