Skip to main content

Скандал во Куманово: Заклучени гости, навреди и хаос по мечот меѓу Струга и Башкими

Freepik

Ужасно „трето полувреме“ се одвиваше попладнево на стадионот во Куманово, откако фудбалерите на Струга убедливо го совладаа Башкими. Веднаш по последниот свиреж, ситуацијата ескалирала во сериозен инцидент – прво со кошкање меѓу играчите на теренот, а потоа и со директен притисок врз гостинската екипа.

Според информации од таборот на стружани, челниците на домашниот клуб влегле во конфликт со нивните фудбалери, ги навредувале и – како што тврдат – ги заклучиле во соблекувалната.

Од Струга велат дека физички напад немало, но нагласуваат дека безбедноста им била сериозно загрозена и дека биле изложени на жестоки навреди и пцовки.

Поради страв од дополнителна ескалација, гостинската екипа побарала интервенција од специјалните полициски сили, со цел безбедно да го напушти стадионот, а потоа и Куманово.

За Башкими, ова е уште еден сериозен удар по имиџот по враќањето во Првата лига. Клубот и претходно беше посочуван во контекст на сомнежи за местење натпревари, за што се соочува со строги санкции и истраги од ФФМ, УЕФА и надлежните институции.

Поврзани вести